„Во 21 век, во регионална болница на еден од поголемите урбани центри во Македонија да ти се случи интрахоспитална инфекција со бактерија која сме ја среќавале само во нашите книги и тоа напишана со мали букви и при тоа заради ваквиот недозволен пропуст да ти почине млада жена ( 51 година) е повеќе од жално, трагично, нестручно, непрофесионално.

Под итно да се испита случајот и да се казнат одговорните.

Сочувство до семејството на починатата.

Господ нека ја прости!“

Ова е реакцијата на д-р Андон Чибишев од скопска Токсикологија за трагедијата во Прилеп каде жена починала од сепса во Општата болница по извршена операција при која во организмот и навлегла опасната бактерија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.