Во гостувањето на Алфа ТВ д-р Андон Чибишев истакна дека во сите правни и организирани држави законски се регулирани концентрациите на пестициди кои можат да се користат и кои што можат да бидат присутни во соодветните земјоделски производи. Тој посочи дека според информациите кои што циркулираат во јавноста и медиумите во Македонија има земјоделски производи со високо ниво препарати инсектициди што може да бидат штетни и многу опасни по човековото здравје.

Во сите правни и организирани држави законски се регулирани концентрациите кои можат да се користат и кои што можат да бидат присутни во соодветните земјоделски производи. Сведоци сме дека многу пати, ова не е прв пат, на нашите пазари се среќаваат земјоделски производи, во кои што соодветните државни институции, имаат детектирано присуство на пестициди во зголемени концентрации, во концентрации кои што се недозволиви и кои што можат да бидат штетни за човековото здравје, нагласи Чибишев.

Д.р Чибишев додаде и дека според информациите кои што циркулираат во јавноста и медиумите се работи за препарати инсектициди кои што се користат за уништување на инсекти, а внесени во човековиот организам се опасни особено за бремени жени и деца.

Она за што ние зборуваме и е детектирано според информациите кои што циркулираат во јавноста се препарати инсектициди кои што се користат за уништување на инсекти. Тие внесени во организмот во голема количина може да бидат многу опасни, дури и за животот, меѓутоа хронично внесувани во мали количини можат и те како сериозно да го нарушат здравјето посебно кај деца кај бремени жени и повозрасни индивидуи. Зборуваме за хемикалии кои ги загрозуваат сите органи во организмот, истакна Чибишев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.