Точно е дека претседателката на Судскиот совет која си даде оставка, Павлина Црвенковска изнесе одредени квалификации за постоење на политички или деловни притисоци или влијанија, и на неа и стојат на располагање сите институции во државата каде што може тоа да го пријави – изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

И во делот на обвинителството премиерот потенцираше дека се она за што сметаат дека е надвор од надлежностите кои одредени други институции или организации треба да ги имаат, истото треба да го пријават таму кај што е местото за пријавување.

Точно е дека претседателката на Судскиот совет која си даде оставка изнесе одредени квалификации. Но, и стојат на располагање сите институции во државата, каде што може да пријави доколку кај неа имало политички или деловни притисоци или влијанија, како што таа тоа го изнесе во својата оставка – изјави Ковачевски во одговор на прашање по завршување на градежните работи за изградба на магистралниот гасовод, делница Неготино-Битола.

Премиерот потенцираше дека Владата ги исполнува сите свои обврски и надлежности кои што ги има во однос на обезбедување на услови за независно судство и независно обвинителство.

Тоа значи, како што рече, дека сите финансиски средства кои се потребни за судството и на обвинителството се предвидени во буџетот, и сите законски решенија кои Владата има обврска да ги донесе, ги има донесено и испратено во Собранието.

Дел од тие закони се донесени, а за жал добар дел од тие закони не се донесени заради блокадата која што ја прави опозицијата. Во последниве три кризни години, државата воопшто не ги намали капиталните инвестиции во делот на судството и обвинителството – додаде Ковачевски.

Тој смета дека судството со оглед на тоа што е независно треба да има тело кое е над него хиерархиски поставено, и кое ја оценува неговата работа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.