Нови 1.493 заразени со КОВИД-19 од 4986 направени тестови и 31 починат се регистрирани во изминатите 24 часа. Дополнително се пријавени уште осум починати од коронавирус, за периодот од 26 до 31 јануари преку „Мој термин“, соопшти Министерството за здравство. Вакви бројки на починати не се паметат од почетокот на корона вирусот, кога сѐ уште не им беше познат на научниците и медицинските лица.

Од новите дијагностицирани, 191 се реинфекции и една втора реинфекција. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во Скопје се 720 новозаразени, Битола – 90, Куманово – 87, Кавадарци – 72, Тетово – 54, Струмица – 44, Прилеп – 43, Велес – 41, Охрид – 40, Штип – 32, Гостивар – 31, Свети Николе – 25, Неготино – 24, Гевгелија – 23, Кичево и Струга по 19, Ресен и Радовиш по 16, Кочани и Валандово по 13 нови случаи, Богданци – 11, Македонски Брод – 10, Крива Паланка – девет, Демир Хисар – осум, Дебар, Виница и Кратово по пет, Берово, Крушево и Македонска Каменица по четири, Делчево – три, Демир Капија – два и еден новозаразен во Дојран.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 31 починато лице: седум од Скопје (64г, 68г, 69г, 72г, 73г, 74г и 79г), пет починати лица од Куманово (60г, 65г, 71г, 77г и 78г), по три починати лица од Охрид (74г, 75г и 84г) и Струмица (58г, 73г и 75г), по две починати лица од Тетово (65г и 83г), Прилеп (79г и 84г) и Битола (75г и 79г) и по едно починато лице од Струга (72г), Пробиштип (63г), Кавадарци (78г), Крива Паланка (76г), Кичево (74г), Гостивар (75г) и Виница (67г). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително осум починати лица – две во Кичево и по еден починат во Штип, Скопје, Делчево, Куманово, Струга и Гевгелија. Починатите се на возраст од 63 до 82 години Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и шест лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 26 до 31 јануари 2022.

Од вкупниот број починати лица (39), седум лица се целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети.

Во изминатото деноноќие се регистрирани 2652 оздравени пациенти – од Скопје – 1530, Битола – 184, Куманово – 166, Струмица – 85, Кавадарци – 82, Прилеп – 68, Неготино – 48, Кичево – 43, Гостивар и Гевгелија по 42, Радовиш – 40, Велес – 37, Тетово – 33, Ресен – 30, Кочани – 29, Штип – 28, Охрид – 27, Валандово – 18, Дојран – 15, Струга и Берово по 14, Крива Паланка – 13, Делчево – 12, Богданци – девет, Демир Хисар – осум, Свети Николе – седум, Македонски Брод, Виница и Пехчево по пет, Крушево – четири, Македонска Каменица и Пробиштип – по три, Дебар, Кратово и Демир Капија по еден оздравен.

Епидемиолошки анализи на вкупно заболени и на активни случаи по градови:
Скопје 125 960, Активни 6834
Куманово 15 188, Активни 499
Битола 13 199, Активни 964
Прилеп 12 945, Активни 486
Тетово 12 659, Активни 422
Кавадарци 9294, Активни 474
Гостивар 8927, Активни 239
Велес 8660, Активни 287
Охрид 8091, Активни 316
Штип 7626, Активни 153
Струмица 7420, Активни 274
Кичево 5040, Активни 211
Кочани 4720, Активни 135
Струга 4458, Активни 155
Гевгелија 3887, Активни 181
Неготино 3294, Активни 171
Свети Николе 2495, Активни 91
Ресен 2433, Активни 170
Радовиш 2335, Активни 117
Крива Паланка 2249, Активни 72
Делчево 1817, Активни 79
Берово 1655, Активни 20
Дебар 1517, Активни 25
Валандово 1421, Активни 83
Виница 1314, Активни 37
Пробиштип 1263, Активни 17
Богданци 926, Активни 75
Кратово 893, Активни 26
Крушево 828, Активни 22
Демир Хисар 785, Активни 33
Македонски Брод 656, Активни 40
Македонска Каменица 513, Активни 21
Демир Капија 503, Активни 18
Пехчево 435, Активни 12
Дојран 231, Активни 5
Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 275 637
од направени вкупно 1 808 494 тестови. Бројот на оздравени пациенти е 254 340, на починати 8533, а активни случаи има 12 764.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.