Поранешниот Министер за внатрешни работи Наќе Чулев на својата фејсбук страна ја повика Државната комисија за спречување на корупција и останатите надлежни институции и да го истражат случајот во која Министерот за внатрешни работи, во видео објавено на неговата фејсбук страна, правична класична злоупотреба на полициските ресурси за политички цели.
Чулев во својот статус наведува дека кога вработените во Министерството за внатрешни работи, работат и функционираат во услови кои се далеку под стандардот за нормално функционирање на полицијата и кога поради лошото менаџирање на Министерството за внатрешни работи, оваа државна институција тоне во отпад, парите на полициските службеници и граѓаните се користат за политичка промоција на Оливер Спасовски, кој за личен ПР и за политичка промоција во пресрет на претседателскиот избори, објави високо квалитетен спот, платен од буџетот на Министерството за внатрешни работи, каде тој лета и се фотографира со полицискиот хеликоптер.
Тој го повикува Оливер Спасовски да даде одговор која е потребата за политички цели да се употреби хеликоптерот? колку чини реализацијата на овој промотивен спот? Дали употребата на државен хеликоптер со полициски ознаки не е злоупотреба на позицијата за политички и лични цели? Кој е бенефитот на граѓаните од трошењето буџетски пари за себепромоција и политички цели?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.