Привремено затворен е одделот за интензивна нега на Клиниката за неврологија откако четворица од 8 пациенти со мозочни удари се тестирани позитивни на ковид-19, а останатите се под надзор и засега немаат симптоми на вирусот. Еден од заразените е во потешка состојба и веќе му била дадена терапија од лекари од Инфективна, вели директорот д-р Иван Барбов и додава дека веднаш ги превзеле сите мерки за да се спречи ширење на инфекцијата.
Овие 4-ца пациенти ги префрливме во посебна соба за изолација, и тука е како црвена зона, персоналот е со комплетна опрема кога влегува да ги лекува. Двете простории каде беа присутни овие пациенти се во изолација и нема да се примаат пациенти 7 дена, колку трае периодот за изолација, изјави д-р Барбов за „Сител“.
Заразените пациенти со ковид при приемот во Клиниката биле негативни на брзиот тест кој е задолжителен при хоспитализација, но подоцна развиле симптоми.
При приемот ги тестираме задолжително и ако пациентот е негативен го хоспитализираме. Овие пациенти при приемот биле негативни, а подоцна развиле симптоми, можно е да биле во период на инкубација или подоцна да се инфицирале, додава д-р Барбов.
Доктор Барбов апелира на внимателност кога некој доаѓа во болница – да носи соодветна заштита, а роднините на пациентите да не инсистираат за посети бидејќи истите се забранети поради Ковидот, но бидејќи Неврологија е на приземје тие со болните контактирале преку прозорите.
Инаку во моментот на болничко лекување поради компликации од вирусот има 90-тина пациенти, од нив 29 се во Скопје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.