Премиерот Димитар Ковачевски денеска упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври- Денот на народното востание.
Победничкото антифашистичко народноослободително движење, на првото заседание на АСНОМ го официјализира и идеалот за македонската држава и ние како граѓани, сме и мораме да бидеме вечно благодарни. Го продолжуваме нивниот пат во истата насока, избирајќи го напредокот и мирот на државата и создавајќи подобар живот за сегашните и идните генерации. Обединети, на вистинската страна продолжуваме напред. Нашите најголеми победи како во минатото, да ги направиме најголеми успеси во сегашноста и иднината, вели Ковачевски во објавата на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.