Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на српската етничка заедница во Република Македонија им го честитам празникот Свети Сава, вели Мицкоски.

Значењето на овој ден посветен на првиот српски архиепископ и просветител, за српската етничка заедница има огромно духовно и културно значење, и неговото чествување во Македонија е доказ за взаемната почит и меѓусебно разбирање меѓу граѓаните без оглед на нивните разлики.

Толеранцијата и соживотот се вековна традиција која се негува во нашата  заедничка Татковина. Токму довербата и уважувањето меѓу двата народи, српскиот и македонскиот, се најцврстиот мост на пријателство кој може да се изгради. Нивната лојалност е доказ за тоа како се придонесува и гради државата.

Во исто време и тие како и сите останати граѓани ја споделуваат истата мака од секојдневието, лошиот стандард и живеачка. Во Македонија никогаш не се живеело толку лошо и толку сиромашно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.