Македонија припаѓа на семејството на ЕУ, одлуката е во ваши раце, сега треба да се направи чекорот, се трите конкретни пораки што ги упати денеска државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун на заедничката прес-конференција по средбата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и останатите претставници од „Вајмарската тројка“, министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман, како и министерот за ЕУ на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк.
Таа напомена дека дискусијата околу Уставот нема да повлекува нови барања од Бугарија, туку, како што рече, Македонија потоа автоматски ќе се најде на патеката на пристапување.
Нема никакви дополнителни барања од ниедна друга земја, но има барања за ревизија на Уставот, порача Бун.
Според државната секретарка, 2030 година е реална цел за македонското членство во ЕУ. Нејзина оценка е дека Македонија има се за да напредува кон Унијата и наскоро да се приклучи кон ЕУ.
Имам три пораки за вас. Првата е дека припаѓате на семејството на ЕУ. Втората е дека одлуката сега се наоѓа во ваши раце, а третата порака е како што посочи вицепремиерот дека сега треба да се направи чекорот поради импулсот на сила што го имаме за проширување на ЕУ. Можеби уште една работа што сакам да ја кажам од наша страна е дека оваа дискусија околу Уставот нема да повлекува нови барања од Бугарија, автоматски земјата ќе се најде на патеката на пристапување потоа. Значи, нема никакви дополнителни барања од ниедна друга земја. Меѓутоа, има барања за ревизија на Уставот да се заврши тоа секако и повторно автоматски ќе влезете во следната фаза на процесот на пристапување и исто така го спомнавте тоа вицепремиере во сферата на владеењето на правото, правдата и економската сигурност и реформите кои треба сама да ги направите сами за себе, истакна Бун.
Таа се наврати на деведесетите години и случајот со Полска.
Во 1990-ите мои претходници сакаа да и помогнат на Полска за пристапување кон ЕУ и гледате колку е успешна Полска и сметаме дека тоа е исто така можно и за вас. Македонија има апсолутно се за да напредува во ЕУ и наскоро да се приклучи кон ЕУ и за нас и за вас има конкретни придобивки, секако нови работни места, слободно движење за сите и вклучувајќи ја безбедноста и стабилноста на ЕУ, рече Бун.
Се осврна и на првата Меѓувладина конференција во Брисел.
Пред една година се одржа првата Меѓувладина конференција во Брисел каде што со задоволство го запознав премиерот и вицепремиерот првпат и имаше многу ентузијазам и сакаме да видиме ист таков ентузијазам повторно, така што овде сме да го изразиме тоа и да ја изразиме поддршка за ова. Светот се промени. Геополитичките тензии и она што се случува на нашиот континент го прави проширувањето неопходност за ЕУ, како и поддрпка за Украина и Молдавија има нова методологија за проширувања која што ќе го направи проширувањето подинамично и се надеваме побрзо. Мислам дека тоа е важно. И за рокот, го кажав на почетокот и уште еднаш ќе повторам многу јасно дека сакаме да биде што поскоро. Францускиот претседател рече во Братислава – прашањето за проширување не е ако, ниту кога, тоа е веднаш што поскоро, туку како. Повторно 2030 година како цел е доста реална и овде сме да ја испратиме пораката на пријателство пред се, пораката на поддршка и пораката на увереност дека веруваме дека Македонија ќе успее. Трите земји, вклучувајќи и Франција, сметаат колку е важно за вас толку и за европското семејство и ќе дадеме се од себе да ви помогнеме на патот кон ЕУ, подвлече државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.