Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денес ќе престојува во Приштина каде што ќе оствари средби со Претседателката Вјоса Османи Садриу, со Премиерот Албин Курти, како и со Вицепремиерката и Министерка за надворешни работи Доника Гервала Шварц.
На средбите Османи ќе се осврне на поддршката од страна на ОБСЕ за реформските постигнувања на косовските институции и заедници кои заедно со Мисијата на ОБСЕ во Косово постигнаа видлив напредок во промовирањето на функционални демократски институции, човековите права и владеењето на правото.
Покрај официјалните средби Претседавачот Османи заедно со Премиерот Курти, ќе ја посети и Академијата за јавна безбедност каде ќе се сретне со полициските кадети од немнозинските заедници. Исто така, предвидена е посета и на Регионалниот центар на ОБСЕ во Митровица, каде Османи ќе учествува во дебата со младинските граѓански организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.