На крајот од 2020 година изменет е Законот за заштита на населението од заразни болести и додаденa е нова законска одредба според која секое лице што се тестира за ковид-19, задолжително мора да оди во самоизолација од закажувањето на тестот до добивањето на резултатот. Самоизолацијата, според законските измени, продолжува доколку резултатот е позитивен. Вака одговори д-р Ирина Сотирова Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат на заканата со тужба на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Според доктор Бухова, законот е јасен и се однесува на сите лица, пренесува „Слободен Печат“.
Пецаков претходно кажа дека на Водици се тестирал за ковид-19 заради патување во странство, а додека го чекал резултатот продолжил да ги извршува обврските, иако го немал добиено резултатот од тестирањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.