Националното собрание му даде мандат на кабинетот да го одобри францускиот предлог за PCM. Ова е првиот чекор кон добивање зелено светло за укинување на ветото и почеток на преговори меѓу РС Македонија и ЕУ. Бугарија усвои четири услови за влез на Македонија во Унијата- ефикасно имплементирање на Договорот за добрососедство, гаранција за правата на Бугарите во Македонија преку нивното вклучување во Уставот како државотворен народ, дека ништо во пристапниот процес на Македонија нема да биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија, и европски гаранции дека бугарските услови ќе биде исполнети.
Европратениците го усвоија францускиот предлог со 170 гласови за, 37 против и 21 воздржан.
Темата беше поставена како прва точка на дневниот ред на Националното собрание на петочната седница.
Сега предлогот мора да биде прифатен од Советот на министри, кој ќе го испрати во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.