Бугарското Министерство за надворешни работи реагира на, како што велат, низата провокативни и злонамерни антибугарски коментари од страна на македонски политичари и јавни личности и изразува загриженост дека се води „злонамерна кампања против Бугарија чија цел е поттикнување на антибугарско расположение“.
Според МНР, повод за ваквиот став биле изјавите од Македонија во кои политиката на Бугарија се споредува со онаа на руската агресија во Украина.
Уште позагрижувачки е што се прават обиди за намерна злоупотреба на трагичните настани во Украина како резултат на руската воена агресија. Сметаме дека таквите цинични сугестии мора категорично да се отфрлат. Никој нема право да ја злоупотребува трагедијата на украинскиот народ на арогантен и непринципиелен начин. Министерството за надворешни работи изразува загриженост за можното негативно влијание на ваквата кампања врз позитивните трендови на политичкиот дијалог во последните месеци, соопшти бугарското МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.