Бугарскиот вицепремиер за јавен ред и мир и министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, пристигна во Скопје.
Тој e во МВР на средба со неговиот македонски колега Оливер Спасовски на која треба да се разговара за одбележувањето на 4 февруари – 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
По седницата на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски на 23 јануари, 4 февруари беше посочен како настан од висок безбедносен ризик со оглед дека е најавено доаѓање на бугарски граѓани во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.