Екипата на „Канал 5“ беше детално претресена од бугарската полиција во центарот на Благоевград во обид да стигне до македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, соопштија оттаму.
Како што соопштија од телевизијата, на снимателот Иван Поповиќ и новинарката Андријана Лазова им биле побарани пасоши и покрај тоа што истите им беа проверени при влез во Република Бугарија на граничниот премин „Деве Баир“.
И покрај тоа што не влегуваа во ниту една бугарска институција, екипата на „Канал 5“ беше детално претресена среде улица, нешто што не е вообичаено кога акредитирани новинарски екипи известуваат од јавен простор, велат од „Канал 5“.
Видео тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.