Комисијата за надворешни работи на бугарскиот Парламент, по осум часовна расправа и 40 минутниот извештај на министерката Теодора Генчовска, одлучи да го прифати само предлогот на политичката партија „Демократска Бугарија“ за уредување на односите со Македонија.
Предлогот на Демократска Бугарија предвидува вметнување на референца во преговарачката рамка, која ќе се однесува на двостраниот протокол според Член 12 од Договорот за добрососедство, и која ќе биде услов за одлуката на Европскито совет за одржување на меѓувладината конференција. Во кратки црти, според предлагачот и лидер на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов, тоа ќе значи дека Бугарија, покрај гаранциите, ќе има и директна контрола врз целиот процес преку нејзиното учеството во ЕС.
Отфрлени беа останатие два предлози, на„ Движењето за права и слободи“ и на ГЕРБ-СДС, но токму пратениците од овие две партии, заедно со пратениците од „Продолжуваме со промената“ гласаа за предлогот на Демократска Бугарија.
Генчовска посочи дека нацрт-протоколот е дел од целиот пакет документи. Според неа, тој треба да биде потпишан пред Преговарачка рамка. Важен услов за усвојување на Рамката за преговори е потпишувањето на протоколот“, рече министерот за надворешни работи во оставка.
Поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка на ГЕРБ, Екатерина Захариева, исто така ја истакна важноста од потпишувањето на протоколот пред Преговарачката рамка.
„Овој протокол може да се потпише без одлука на Советот на министри“, додаде таа.
Захариева ги обвини пратениците од ПП дека ја удирале топката и ја одолговлекувале расправата за трите проекти за да не можат утре да влезат на седницата на Народното собрание. Таа беше поддржана од пратеникот на МРФ Станислав Анастасов.
„Вазраждане“ и „Има таков народ“ се спротивставија на усвојувањето на предлозите бидејќи, според нив, не ги задоволуваат националните интереси на Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.