Министерството за надворешни работи (МНР) ги демантира информациите за нов договор, анекс или каков било дополнителен текст на веќе постоечкиот Договор за пријателство со Република Бугарија.
– Министерството за надворешни работи ги отфрла ваквите шпекулации како неточни и контрапродуктивни на напорите на двете земји за надминување на меѓусебните разлики. Односите меѓу Република Македонија и Република Бугарија продолжуваат да се развиваат согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Во тие рамки, се преземаат сите потребни активности и ангажмани кои се во согласност со овој Договор, а кои пред сѐ имаат за цел продлабочување и интензивирање на билатералната соработка. Во тој контекст е и најновата иницијатива за организирање на претстојна средба на ниво на шефови на Влада, како прв чекор за унапредување на соработката меѓу двете нови влади, внесување на нова динамика во проектите и активностите, а што е од интерес како за двете држави така и за перспективата и безбедноста на Регионот и на Европа, наведува МНР.
Ваквата реакција доаѓа откако беше објавено дека е Владата на денешната седница го разрешила Владо Бучковски од должноста специјален претставник на Македонија во преговорите со Бугарија за надминување на спорот. Според неофицијални информации со новиот пристап, Министерствата за надворешни работи на двете земји преговорите ќе ги водат преку пет работни групи, поради што нема потреба од специјален претставник.
И додека МНР идемантира, Бучковски потврдува.
Со новиот пристап на преговори, МНР на двете држави и петте работни групи ќе ги водат преговорите. Премиерот Заев и мандатарот Ковачевски ме информираа вчера за новиот пристап, соопшти за „Локално“ професорот Владо Бучковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.