Чувајте ги полициските службеници да останат мотивирани, како што биле кога влегле во службата, потенцираше Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД во Македонија на предавањето на акредитацијата на Меѓународната асоцијација на директори на Полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ).

Успешен исчекор на Центарот во неговото целосно етаблирање како кредибилен, професионално оспособен и специјализиран образовен сегмент, чија неопходност е директно поврзана со успешното функционирање на министерството, односно сите негови полициски служби и организациони единици.
Ова раководство на МВР е решено континуирано да го унапредува статусот на полициските службеници и вработените во МВР, како преку драстичното и сеопфатно материјално-техничко и инфраструктурно подобрување на условите за работа, така и со спроведувањето на гарантираните права на сите вработени, секогаш имајќи го предвид фактот дека само задоволна полиција претставува ефикасен сервис на граѓаните, работи со полн капацитет и легитимитет и испорачува резултати во активностите за справување со криминалот, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.