Бојан Јовановски и неговиот бранител нема да ја даваат одбраната во случајот „Меѓународен сојуз“ се додека не му биде вратен мобилниот телефон со „ватс-ап“ комуникацијата со луѓе од политиката. Боки смета дека без овој доказ и без испитување на сведоците кои се дел од разговорите нема никаква смисла да ја дадат одбраната која подоцна ќе биде искористена само како алиби дека постоела.

Ако ја дадам одбраната ќе служи само како алиби дека е дадена одбраната. Го молам судот да не ги прескокнува овие фаза. Затоа сакам да ми го вратите мобилниот и ќе ни бидат потребни само неколку дена да ги екстрахираме податоците за да можат да им бидат презентирани на сведоците. Сведоците се обични луѓе, а не свето писмо. Ние не сме измамници, туку измамени од луѓе од политичките кругови. Не се откажувам од правото на одбрана, но барам да да ми се овожможи ова право, рече Јовановски пред судот.

Судијката Софче Гаврилова Ефремова вели дека се грижела за правата на обвинетите и обезбеди докази, но во однос на материјалите во телефонот на Јовановски рече дека телефонот е одзмен во случјот „Рекет“ и која е постапката за враќање е позната. Од тој предмет биле изведени докази а за начинот како се преземени податоци објаснето е во извештајот на секторот за компјутерски криминал при МВР.

Податоците се обезбедени од стручна инситуција која е компетентна и овластена и затоа се неосновани тврдењата на обвинетиот. Дококу не се задоволни можат да поведат постапка, објасни судијката во овој случај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.