Живееме во општество на голема недоверба, општество во кое меѓусебно не се почитуваме и се уште не сме дораснати да ги прифаќаме различностите, рече вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, коментирајќи го исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата по повод 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.
Исвиркувањето на македонскиот јазик го доживеав многу тешко. Тоа ни покажува во какво општество живееме, во општество на голема недоверба, во кое не се почитуваме и се уште не сме дораснати да ги прифаќаме различностите. Јас сум еден од тие и ќе останам да се борам за концептот на „едно општество“, истакна Битиќи во гостувањето на Канал 5 телевизија.
На прашањето за барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се одржат предвремни избори, тој уште еднаш повтори дека во време на криза сите треба одговорно да се однесуваат.
Уште во 2020 година кога ми беше дадена можноста да бидам вицепремиер, кажав дека во период на криза сите треба разумно да се однесуваме. Сметам дека наместо да повикуваме на избори и референдум, треба заедно да седнеме и да видиме кои се решенијата за излез од кризата, нагласи Битиќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.