СДС се тие без кои Талат Џафери немаше да стане премиер. Без пратениците на СДС, ДУИ можеше само да фантазира за премиер.СДС 7 години го држи ДУИ во влада. Сите криминали кои ДУИ ги направи се со помош на СДС, се со една цел, за да имаат пар министри и Ковачевски да биде премиер, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

СДС подолг период наназад ја продава државата.Недовербата во судството, партизацијата, криминалот и корупцијата се последица на владеењето на СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ влезе во техничка влада затоа што тоа е законска обврска, која СДС и ДУИ не сакаа да ја променат. И на СДС и ДУИ им беше потребна техничката влада за полесно да го изберат Џафери за премиер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.