Со еден отсто камата ќе биде заемот што земјава го бара од ММФ, но деталите за неговото искористување допрва ќе се дефинираат. Парите од задолжувањето ќе се користат за поддршка на Буџетот, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.
Според Бесими, оваа каматна стапка е значително пониска од онаа што моментно може да изнесува за еврообврзница за нас, меѓу 4,5 – 5,5 проценти. Како што објасни Бесими во гостувањето на ТВ Сител, за процесирање на заемот ќе има официјално барање и мисија на ММФ во земјава.
Се работи за барање до ММФ во однос на задолжување, а тоа е Програма за ликвидност и претпазливост. Обично оваа Програма за користи за земји со здрави економски политики, во ситуации кога има неизвесност како сегашната. Програмата не е врзана со одреден проект, туку со неа се поддржува фискалната, макроекономската политика. Нецелосно, дел од оваа Програма се користи како претпазливост – ги имаме тие износи, но не ги користиме, туку служат за зајакнување на нашата позиција на финансиските пазари, рече министерот кој учествува на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон. Тој потсети дека минатата недела ММФ не квалификува како земја која може да користи ваква линија што е, подвлече, исклучително позитивен резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.