Управителот и сопствениците на „Привилиџ“ ќе одговараат согласно законските одредби, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ за ноќниот клуб кој работел без лиценца, а пред кој се случи убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Ноќниот клуб во Градскиот парк во Скопје веќе имал забрана за работа која не ја почитувал, а по убиството на ракометарот пред оваа дискотека, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) повторно отиде на терен и го затвори.

Во однос на локалот кој немал лиценца за вршење на одредена дејност, во овој случај на ноќен клуб, ние отворено и транспарентно кажавме дека ова не е обврска на Министерството за економија, не е ни на Владата, тоа е на инспекторатите. Колку што сум информиран од страна на ДПИ тие веќе направиле контрола и веќе е затворен. И претходно иако имал забрана за вршење на дејност тие работеле и согласно тоа ќе одговараат согласно законите во нашата државата. Ние секако дека како институција како Министерство за економија кое води регистар за давање лиценци за ноќни клубови во Секторот за туризам од вчера веќе ја известивме и МВР и јавноста дека тој локал не поседува лиценца и сега надлежните институции треба да постапат согласно законските одредби, рече Бектеши.

Тој повика институциите, како што е обвинителството, понатаму што побргу да ја завршат работата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.