Поранешниот градоначалник на Гостивар Невзат Бејта во емисија на „Алсат“ искажа навредливи зборови за сопрартиецот Артан Груби но и за соработката што ја имале со сегашниот градаоначалник Арбен Таравари.
Што се однесува на оработката со Арбен Таравари, соработката била уште во 2017-та. Таа била тајна соработка и координатор беше Талат Џафери. Како последица на тоа што ние излеговме тогаш, тие се мобилизираа и креираа нивни структури за да ме елиминираат мене од Гостивар и му помогнаа на Арбен Таравари, беа во коалиција.
Бејта беше запрашан и за коментар за тоа што лидерот Ахмети е сака да се откаже од Артан Груби и затоа на колку карати е „проценет“ првиот вицеремиер.
Артан Груби не е од металите кои се мерат со карати, туку е еден метал кој нема карати, бидејќи ако имаше карати ќе беше добро. Тогаш немаше да прави раскол во ДУИ. Тие што немаат карати се железото, тенеќето.. Металите кои имаат карати се добри метали и вредни кои луѓето ги сакаат и врз основа на металите кои се вредни се мери и квалитетот на металот, но и луѓето врз основа на добрите работи кои ги прават и тие се мерат во карати. Ако прават сплотување и ако не прават елиминирање на членството и ако не им штетат. Но тие и им се закануваат на членовите бидејќи ја имаат власта, но членовите не се плашат – вели Бејта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.