Трет ден молк за инкасираните пари на Миле Зечевиќ од три општини со кои што раководеле градоначалници на СДСМ, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Молк исто како што молчи за Калеска – Ванчева која што имаше инкасирано над 55.000 евра преку нејзиното адвокатско друштво. Отсуството на срам во СДСМ е отсуство на морал, грижа за граѓаните и државата и најважно од се, отсуство на визија за тоа како да ја водат напред државата. Очигледно е дека во ниту едно нивно сценарио не им е важна државата ниту пак граѓаните, ниту пак напредокот и подигање на стандардот, туку им е единствено важен нивниот личен бенефит и напредокот на нивните сопствени компании. Ништо ново не носи Миле Зечевиќ во СДСМ. За само две години од три општини заработил 1.8 милиони денари. И нова функција, но исти навики, ништо не е сменето, вели Арсовски.
Тој додава дека носи само пример за другите ешалони надолу, како да заработуваат, на кој начин, односно да ги искористат своите позиции во партијата и власта единствено за да заработат пари, а не да направат нешто за државата и граѓаните. Затоа се наоѓаме во онаква ситуација во каква што сме сега, заглавени до гуша во криминал и корупција.
Ова се вредностите за кои се бори овој СДСМ. Ова се вредностите за кои обичното членство т.н. „трча” на партиските активности, за да нивните шефови и раководство заработуваат милиони. Јавно ги повикувам и Зечевиќ и Калеска – Ванчева да ги донираат нивните лесно заработени пари, милионски суми на денари, да ги донираат за добробит на граѓаните во некој проект. На пример со нивните пари може да се реновира некоја оддел од клиника, да се купи амбулантно возило или да се реновира некое училиште или градинка. Ако се чесни во намерите, нека ги донираат парите, потенцира Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.