Која е вистинската причина скопската градоначалничка Данела Арсовска да почне да одработува за власта и заедно со СДСМ кој ја зема во заштита се обидуваат да создадат фронт против опозицијата која ја донесе на позицијата?! Дали тоа е забошотената кривична пријава за опожарувањето на возилото на извршната директорка на Сојузот на стопанските комори, за што во медиумите и јавноста се споменуваше и името токму на Арсовска?, прашува во својот анализа „Нетпрес“.
Порталот пишува дека изминатиот период кулминираше веќе подолг период латентната нетрпеливост меѓу скопската градоначалничка Данела Арсовска и првите луѓе на јавните претпријатија во главниот град од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која всушност на донесе на позицијата, која од чисто комунални прашања за ефикасноста на градската управа се префрли во сферата на политичка и меѓупартиска пресметка.
Откако граѓаните и јавноста сѐ почесто ѝ забележуваа на Арсовска, најблаго кажано, за неснаоѓање на градоначалничката должност, таа влезе во отворена конфронтација со ВМРО-ДПМНЕ и, наместо да се пресметува со советничката група во Град Скопје или кадарот на партијата во јавните претпријатија, таа влезе во директен атак на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
Синхорнизирано со вербалните напади од Арсовска врз Мицкоски, следеше и акцијата на владејачката на ниво на земјата СДСМ, која со соопштенија и јавни објави за контроверзната пречистителна станица го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тема, инаку, којашто најдобро ја расветли Европската инвестициска банка (ЕИБ) со одговори за тендерот за изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје поради кој Арсовска, го разреши директорот на Јавното претпријатие „Водоводот“, Златко Перински, откако тој не направил промена на членови на тендерските комисии повикувајќи се токму на одговор од ЕИБ. Во писмената изјава беше истакнато дека секој обид за ревидирање на стратегијата за набавки без оправдување во оваа фаза или неусогласеност со важечките принципи за доверливост, ќе предизвика одложување во процесот на набавка и ќе ја загрози достапноста на средствата.
Но упорноста на Арсовска, и во заднина на СДСМ, да ја туркаат оваа „тема“ недвосмислено упатува на размислувањата дека зад ваквите потези стои нешто повеќе отколку само судир околу „непослушноста“ на вмровскиот кадар во Град Скопје. Покрај тоа, симптоматично е што е причината за новата политичка „симбиоза“ на Арсовска со социјалдемократите, од која во предизборната кампања беше жестоко, па дури и вулгарно напаѓана-пишува Нетпрес.
Причината за тоа, судејќи според сѐ, како што веќе објави НетПрес во саботата од упатени извори, лежи во средбата оставрена оваа среда меѓу Арсовска и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ познат како човек задолжен зад заткулисните операции на владејачката партија, премиерот Димитар Ковачевски, а на средбата на којашто бил присутен и еден скопски бизнисмен, на која градоначалничката побарала поддршка од социјалдемократите во борба против ВМРО-ДПМНЕ и во Советот на Град Скопје.
„Имаме план…“
Иако социјалдемократите негираа дека таква средбна се одржала, според нашите извори таа сепак била остварена, и тоа на локација во близина на зградата на Владата. Истите извори повторуваат дека функционерите на СДСМ на Арсовска тогаш ѝ предочиле дека поседуваат докази за сериозни обиди за влијание врз проектот за пречистителната станица и поврзаност на турската компанија со луѓе блиски до скопската градоначалничка.
Покрај тоа, Арсовска била предупредена и дека има подготвено кривична пријава за вмешаност во опожарувањето на автомобилот на извршната директорка на Сојузот на стопанските комори, за што во медиумите и јавноста се споменуваше и името токму на Арсовска.
Оваа тема, имено, била повеќепати дискутирана и меѓу самите социјалдемократи. Имено, на еден од состаноците на Извршниот одбор на СДСМ, Петре Шилегов, кој беше поразен токму од Данела Арсовска во обидот да освои уште еден градоначалнички мандат, на забелешката до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски зошто не е процесуирана кривичната пријава за палењето на возилото на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори, Христина Стојановиќ, го добил одговорот „Ич да не тие е гајле“, со Зечевиќ имаме план“.
Како што е познато за јавноста веќе подолг период, извршната директорка и првиот човек на ССК, Трајан Ангелоски, кој ја презеде раководната позиција во Комората по изборот на Данела Арсовска за градоначалничка на Скопје се соочиле со разни притисоци и закани по нивниот живот и животот на нивните семејства. Од нив било барано да се повлечат од раководните функции, па дури им биле дадени рокови и ултиматуми до кога треба да го направат тоа. Како причини за да се бара оставка од новото раководство, се наведува ревизијата што тие ја отвориле за наводно сомнителното работење во институцијата со која управуваат.
„Ова ти е последна опомена да бидеш паметна, да си дадеш отказ од работното место. Имаш рок до четврток. Фино и културно. Ако не напуштиш, животот пекол ќе ти стане. Ќе ве масакрираме“, гласела заканувачката порака напишана со црвен фоломастер на лист хартија и оставена во автомобилот која кон крајот на февруари годинава ја пречекала извршната директорка на Сојузот на Стопански комори, Христина Стојановиќ, а по само неколку часа возилото било опожарено.
Меѓутоа, веќе половина година Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство го истражуваат случајот со опожареното возило на Стојановиќ, кој беше подметнат на 25-ти февруари, во еден часот по полноќ. За овој случај и двете надлежни институции веќе отвориле предмети, а на разговор на 12-ти мај, годинава, според МВР, во полициска станица била повикана и Арсовска.
извор Нетпрес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.