„Мицкоски многу добро ја процени ситуацијата, тој увиде дека патот колку и да е далеку до членството во ЕУ не е само патот важен, важни се препреките што ги има. Патот може да биде многу долг и да го изодиме со 250 километри на час меѓутоа може и да е 100 метри и да не можеме го поминеме. И тој пат е сега 100 метри кој што не можеме да го поминеме. Јас тврдам дека ова што Бугарија го бара за влез на бугарските граѓани во македонскиот Устав е само нивен блеф, тие имаат далеку поголеми барања од Република Македонија“, истакна Ламбе Арнаудов во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.
Арнаудов додаде дека граѓаните знаат што се случува и дека Бугарија има доста поголеми барања што ги подготвува за Македонија.
Мицкоски со неговиот генијален шаховски потег ги разоткри и разобличи предавниците од дома што и слугуваат на Бугарија, нагласи тој.
Тој посочи дека ЕУ ако сака да помогне на Македонија, прашањето со Бугарија ќе го реши за едно попладне.
Кај нас дома ништо нема да се заврши како што треба додека ја имаме оваа Влада, додека ги имаме овие послушници, додека го имаме ДУИ, рече Арнаудов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.