Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во ексклузивно интервју за грчка То Вима, вели дека Охридската Архиепископија ќе го почитува канонскиот поредок на Православната Црква и ќе бара Томос за автокефалност од Вселенската Патријаршија, затоа што таа е единствената црква која по традициите и каноните издава таков документ, објави религија.мк.

Архиепископот г. Стефан очекува дека тој Томос од Вселенската Патријаршија ќе го прифатат сите помесни православји цркви.

Во интервјуто тој потенцира дека целта на МПЦ-Охридската Архиепископоја не е да има експреснин решенија што ќе ја постават црквата на половина пат измеѓу, туку вистинска автокефалност призната од сите.

Во православното предание има ред на работите. Ние се надеваме за автокефалија како што добија и од кого добија сите послехалкидонски цркви. Нити бараме, нити посакуваме, нити заслужуваме експресни решенија, не сакаме нешто што ќе ја постави Охридската Архиепископија на половина пат и измеѓу. Во подготвителните заседанија, но и со разговорите во Шамбези, беше поставено прашањето за начинот на доделување на автокефалноста, односно тоа да се одвива по пат на некаков сеправославен консензус и да биде потврдено од сите претстојатели на Црквите. Вселенскиот Патријарх беше многу снисходлив, откажувајќи се и од своите права, за, сепак, да се дојде општо задоволство и мир во меѓуправославните односи. Но тоа што се предлагаше не се договори конечно и не беше усвоено и прогласено за важечко правило со сеправославно решение. Остана да важи традицијата загарантирана од каноните, дека единствено Вселенската Патријаршија издава томос за автокефалност, а другите Цркви тоа со почит го прифаќаат, вели г.г Стефан во интервјуто за То Вима.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.