Димитар Апасиев од Левица објасни дека кога има достава на Иницијатива за референдум, претседателот на Собранието е овластен само формално-правно да испита дали е уредна или не. Отфрлањето на Иницијативата е сериозно прашање кое, како што напомена Апасиев, Деловникот го третира не како спикерско, туку како пленумско овластување.
-Немате други ингеренции, освен да ја доставите Иницијативата до Законодавно-правната и до матичната, Комисијата за политички систем. Овие комисии требаше да ви дадат мислење, тоа е вториот чекор – да кажат дали Иницијативата е уредна или не. Третиот чекор е, ако се утврди дека Иницијативата е неуредна, да се стави на дневен ред на првата следна собраниска седница. Четвртиот чекор е – Собранието, не спикерот, со заклучок да утврди дали Иницијативата е уредна или не и дури тогаш се известува официјалниот предлагач, во случајот Мицкоски, во рок од три дена. Вие сте пратиле обично известување кое не е правен акт и сето ова го имате прекршено преку силеџиско толкување на Уставот, објасни Апасиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.