Јас разбирам блокада на главен град заради јавен интерес или политички барања. Но, да блокираш цел град заради приватен долг (облигационен однос) – е тоа не го контам баш, вели пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев, кој протестот на приватните превозници го нарекува приватизација на јавниот интерес.
И сега МВР – Сообраќајна полиција… Како што знаевте летоска да им пишете казни на нашите активисти кои блокираа со автомобили заради Францускиот предлог, постапете исто и кон приватњаците – ГАЗДИ на најружните и најпрљавите автобуси во свет, кои се паркирани на булеварите низ Скопје, порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.