Апаратот за зрачна терапија за онколошки пациенти во ГОБ „8 Септември” уште не е ставен во фунција, иако беше промовиран во неколку наврати, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека овој апарат е набавен во 2016 година, а надлежните во последниве пет години го промовирале најмалку 10 пати досега.
На последната промоција во септември јавно ветија дека апаратот ќе биде во функција до крајот на мината година. Со оглед дека јавноста уште нема информација за функционирањето на апаратот, прашуваме до каде е постапката, кога ќе биде ставен во функција на пациентите и зошто досега не е, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Според нив, ваквиот третман на оваа одродена власт кон јавното здравство е штетен и недозволив и претставува уште еден пример каква е грижата за најтешките пациенти со малигни заболувања и целокупниот здравствен систем.
На овој начин повторно имаме свесно поткопување на јавното здравство, на сметка на приватното, а целата штета е на грбот на пациентите, додаваат од Комисијата за здавство на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.