Првиот човек на ЦУК и покрај тоа што е дел од владината коалиција не го криеше незадоволство, а особено се осврна на црната листа и извештајот од Европската Комисија.

Ние потфрливме како влада, јас ќе се повикам на извештајот на Европската Комисија. Ставањето на вицепремиер на црната листа за мене е погубно, а градоначалникот од редовите во ДУИ исто така заврши на оваа листа, вели Ангелов.

На прашањето дали би му пречела влада меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вели дека е добро за стабилизација, но така тешко се решаваат крупни прашања според него.

Стојанче Ангелов е категоричен дека соработката со СДСМ веќе е минато, а тој е разочаран дека партијата не ги исполнила барањата на неговата политичка партија „Достинство“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.