Во 20015/2016, во општина Чаир се изгради двоглав орел, имаше и тогаш жестока реторика. Ни боде очи, а оној споменик во Липково е далеку од очите за нас Македонците. Кај нас законот не се почитува на неколку нивоа и тоа неколку децении наназад. Тоа е наша слабост, вели Стојанче Ангелов, за ТВ24.
Тој посочува дека нема проблем што споменикот во Липково е кренат во чест на загинатите борци на УЧК.
Мене не ме повредува кога мојот воен непријател ги чествува загинатите од неговите редови напротив тоа го очекувам ние да ги чествуваме нашите загинати, тие нивните загинати, вели Ангелов. Тие луѓе биле мои воени непријатели ние сме ги убивале. Луѓето се бореле за тоа во кое што веруваат, а јас сметам дека тоа за мене е погрешно, вели Ангелов.
Смета дека Албанците своите права би ги добиле и без воени дејствија.
Се чуствувам како победник. Ние македонските сили во 2001 година воено победивме. Јас не верувам дека таа битка беше поради човековите права, кажа Ангелов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.