Директорот на одделението за психијатрија во болницата во Лесковац, Србија, Горан Тојага поднесе оставка, откако јавнота остро реагираше на фотографиите на кои тој позира со оружје.

Ги отстранив сите фотографии од мрежите, не се вистински пиштоли. Тоа се фотографии од пред неколку години, рече тој и најави оставка.

Ваквата одлука ја донел по интервенција на министерката за здравство Даница Грујичиќ.

Оставка поднесе и српскиот министер за образование.

Иако поминаа три години откако првата детска амбасада „Меѓаши“ реагираше што лидерот на „Достоинство“ и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, се фали дека го научил да пука десетгодишниот син, денеска тој сè уште е на функцијата.

Ангелов на социјалните мрежи тогаш сподели фотографија на која објасни дека син му испукал пет куршуми, како дел од спортското стрелаштво, со дозвола и поддршка од него како родител.

Она што уште повеќе ја шокираше јавноста беше видеото на кое тој го учи да пука еден од најследените јутјубери од младите во Македонија во тој момент, јутјуберот Џипи. Таму Ангело објави и понуда за бесплатно да обучува деца над 16 години за работа со оружје.

Сакам да направам една специјална понуда заради тебе, луѓе кои што имаат 16 години, кога ќе заврши ова со короната, бесплатна обука со пиштол, само да си ги платат куршумите.

Видеото е прегледано над 312 илјади пати.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.