Додека репрезентацијата на Македонија вечерва ги одмерува силите со Англија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, дел од министрите во македонската Влада се наоѓаат во Тирана каде што ѝ даваат поддршка на Албанија во дуелот против Фарските Острови.

Според ТВ 21, вицепремиерот Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за правда Кренан Лога вечерва наместо на трибините на Градски се наоѓаат во албанската престолнина, каде што ќе го слават и официјалниот пласман на нашиот западен сосед на ЕП 2024.

„Албанија, со тебе сме“ порачаа и политичарите од опозицијата Изет Меџити, Висар Ганиу, Африм Гаши и Биљал Касами.

Инаку, токму Енис Барди е стрелец на голот со кој Македонија поведе вечерва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.