Треба зборови но и дела, порачува Ламбе Алабакоски од денешниот собир за заштита на семејните вредности, органзиран од МПЦ-ОА.
Да не одите по физолошки потреби на FB и instagram дека ќе останиме само зад тастатурите еве не на дело како и секогаш 🔥🔥🔥⬆️ #имамедолжностдагизаштитимедецата #имамедолжност

Илјадниците граѓани се собраа на денешниот протест во Соборниот храм во Скопје кој го организира МПЦ-ОА.

Протестот е во знак против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција.

На собирот присутни се сите членови на Синодот на МПЦ-ОА, скопскиот надбискуп Киро Стојанов, а единствено не се присутни претставници од ИВЗ кои писмено известија дека поради верскиот празник Курбан Бајрам не се во можност да присуствуваат на настанот.

Меѓу присутните е и академик Катица Ќулавкова, која се обраќа во монетов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.