Ако некој мотивира насилство во демократска држава каде што протестите се уставно загарантирано право, тогаш тоа треба да загрижи многу фактори во и надвор од државата, вели во изјава за МИА директорот на здружението на приватни превозници „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Изјавата на Јовановски е реакција на вчерашната наводи на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, кој во гостување на Сител рече дека Владата има механизам за запирање на блокадата на главниот град од приватните превозници и дека нивните автобуси може насилно да бидат тргнати од улиците.

Протестите се законски најавени и ако мислат дека нешто е погрешно и можат да направат нешто, тоа нека го направат, вели директорот на „Слобода превоз“.

Пенов, кој е и поранешен градоначалник на Скопје, денеска од Струмица изјави дека скопјани трпат преголема штета поради блокадите на приватните превозници. Протестот, според него, треба да биде насочен кон други, а не граѓаните да ги плаќаат последиците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.