Форумот на жени на ДУИ, во рамките на активностите по повод одбележувањето на 20-годишнината од формирањето на партијата, организираше панел дискусија на тема: „Родовата интеграција во последните 20 години“.

На присутните им се обратија Арбреша Влаши – претседателката на Советот на општина Струга, Мукадес Хајдари – претседателката на Форумот на Жени на ДУИ, Радмила Шеќеринска, поранешна потпретседателка на СДСМ и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Влаши истакна дека Законот за избор на пратеници (2002), Законот за локална самоуправа (2004) содржеа квота од 30% за учеството на двата пола во листите на кандидати за избор на пратеници и советници.

Создавањето здраво општество зависи од посветеноста на тоа општество да работи кон елиминирање на какви било поделби или разлики засновани на родови стереотипи. Родово одговорно буџетирање и имплементацијата на родовата интеграција во буџетскиот процес значително би го подобриле развојот на општеството со оглед на родовата перспектива и на национално и на локално ниво. Една од најголемите заслуги на ДУИ е влијанието и делувањето во полето на образованието. Со цел да се унапреди вклучувањето на жените во процесите на одлучување на национално и локално ниво, беа поставени квоти во законодавството на земјата. Законот за избор на пратеници (2002), Законот за локална самоуправа (2004) содржеше квота од 30 отсто од учеството на двата пола во листите на кандидати за избор на пратеници и советници – изјави Влаши.

Претседателката на Форумот на Жени на ДУИ, Мукадес Хајдари, порача дека верувам отисекоја жена и девојка присутна во салата, активистка на Форумот на Жени и на другите структури на ДУИ се чувствува горда што е дел од овој субјект.

Се чувствувам привилегирана и задоволна што имам можност да ви се обратам по повод 20-годишнината на ДУИ, долго и успешно патување, претседателе Али Ахмети. Едно не лесно патување, но многу плодно за нацијата и општеството на оваа земја. Како и јас, верувам дека и секоја жена и девојка присутна овде во оваа просторија, активистка на Форумот на Жени и другите структури на ДУИ, се чувствува привилегирана што е дел од овој субјект кој со својата активност беше меѓу клучните фактори во развојот на демократските процес на земјата, фактор кој позитивно и на конструктивен начин влијаел во решавањето на проблемите и учествувал во моделирањето на понапредни решенија за интегрирано општество и со големи гаранции за правата потполната еднаквост е основата на едно здраво општество и на една држава со европска перспектива. Почитувани, оваа 20-годишнина од унапредувањето на жената во општеството и одлучувањето нека биде мотив за сите нас, да го постигнеме концептот на целосна рамноправност со нашите заеднички политики – изјави Хајдари.

Шекеринска на присутните им го честиташе јубилејот и им посака во следните 20 години да бидат уште поуспешни.

Тие што седат околу мене, видоа дека имам подготвен говор, ама искрено и видеата и некој од коментарите, ме натераа да го сменам тоа што размислував и планирав да го кажам. Прв пат излегов на телевизија и се залагав дека употребата на мајчиниот јазик за никој не треба да биде опасност и кога после 20 години политички кавги, конфронтации дури и конфликти ќе погледнете и ќе видите стотина млади луѓе кои се пријавуваат за испит и ќе си кажете колку сме биле будали. Колку сме го потрошиле времето негледајќи дека образованието е најдобрата инвестиција која може да ја направи државата кај сите млади за сите заедници. Честопати зборуваме за еднаквост и кога зборуваме за еднаквост во Македонија, обично првата асоцијација е етничките односи, меѓутоа дури и ако зборуваме за еднаквоста во поголема широчина ќе кажеме дека еднаквоста не е само морална обврска, значи сите луѓе се родени еднакви, туку е и рационална одлука.Како што спомна предходната колешка, имате капацитет во своето општество којшто треба да го искористите. Ако албанците немаат право на образование на албански јазик помалку ќе одат на универзитет, ако одат помалку на универзитет помалку ќе можат да помогнат на економијата и тоа покажува дека еднаквоста треба да ја гледаме и како политичка и како економска разумност и тоа е аргументот којшто честопари заборававме да го кажеме. Ама денеска сме тука не само да го славиме јубилејот на ДУИ туку и да честитаме на жените во ДУИ и затоа пораката и до претседателот на ДУИ и до неколкумина храбри мажи овде е дека истата логика важи и за еднаквоста меѓу мажите и жените. Неразумно е настрана што е морално погрешно да не го искористите капацитетот на 50% на вашето население, на 49 % од вашите членови – истакна Шеќеринска.

Ахмети порача дека денеска е роденден на сите оние кои придонеле за искоренување на дискриминацијата и градење на еднакво општество.

Жените се половина од населението, тие имаат дадено придонес во важните процеси, за слободата, за еднаквоста, за демократијата, исто колку и мажите. Секогаш ќе ја имате подршката на ДУИ и додека една вена чука во мене, вие ќе ја имате во континуитет поддршката . Во ДУИ и конгресот направи измени. Ќе биде назначен секретар за еднакви можности кој директно ќе се заложи за правична застапеност, но не процентуално, туку достојна застапеност. Радмила зборуваше за достигнувањата каде сме биле и каде сме денес. Јасна слика беше дадена и во видео материјалите што ги видовме. Но, ова не е се. Денес имаме роденден. Многу настани имаат автори, имаат и актери. Денес го славиме 20-тиот роденден на авторот и актерот, за сработеното досега. Денес е роденден на албанското знаме, денес е роденден на универзитетот, денес е роденден на илјадници административци, денес е роденден на илјадници полицајци, илјадници офицери. Денес е роденден на сите оние кои придонесоа за искоренување на дискриминација и градење на еднакво општество. Денес е роденден на сите Албанци кои државата ја чувствуваат како своја држава, а не како ќираџии како што беа до 2001 година и навистина, навистина ви кажувам кога слушам како опозициските партии леат крокодилски солзи дека толку многу трошиме за овој роденден ДУИ, ми е жал за нив. Денес имаме многу потолерантно општество, на никого не му смета Скендербег во центарот на Скопје, Јосиф Багери, Пјетер Богдани, Неџат Аголи во центарот на Скопје! Тоа значи дека секој дава порака, за една држава која сите треба да ја сакаме. Денес никому не му пречи да го види албанскиот национален херој во центарот на Скопје, никој не го попречува албанскиот јазик, секој ден остануваме во Собрание да дебатираме, понекогаш кажуваат некои фрази против но за политички цели, но работите не можат да се сменат и нема враќање назад. Иднината на оваа земја е ЗАЕДНО да ги придвижиме работите напред. Почитувани жени, сестри, вие бевте составен дел од овие процеси, но секогаш имајте на ум дека сум на ваша страна, на фронтот заедно со вас, борејќи можеби малку повеќе од вас затоа што го ценам придонесот на жените, на мајката Албанка, во времето кога јас дејствував и работев и ги имав соработнички мајките Албанци – истакна Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.