Денеска во седиштето на Демократската унија за интеграција во Тетово, претседателот Али Ахмети оствари работна средба со амбасадорот на Франција, г. Кристоф Ле Риголер.
Претседателот Ахмети му честиташе на амбасадорот Ле Риголер за новата должност, уверувајќи го во континуитет на одличните односи со Франција.
Г-дин Ахмети му се заблагодари на амбасадорот за сета поддршка на Франција за европската иднина на нашата земја како и за помошта на Париз во постигнувањето на договорот со Бугарија.
Ахмети зборуваше за загриженоста за стагнирање на земјата од евроинтеграциите и одржување на втората меѓувладина конференција со Европската унија.
И покрај сите стагнации и други неправди, блокирањето на патот и европската иднина е неприфатливо и алармантно.
ДУИ останува целосно посветена на продолжување на европскиот пат и нема да го тргне овој врвен приоритет од дневниот ред до неговата конечна реализација.
Исто така, владеење на правото не може да се постигне со политички лов на вештерки, туку само со сеопфатна проверка на политичарите, судиите, обвинителите, олигарсите и целиот процес на приватизација.
Меѓуетничкиот легитимитет произлезен од демократски избори е основата на стабилноста на земјата и односите меѓу етничките групи во земјата, затоа мора да се почитува и имплементира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.