Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше обраќање на Фејсбук во кое кажа дека утрешниот ден е историски бидејќи во Република Македонија ќе биде избран првиот премиер Албанец. Обраќањето на претседателот на ДУИ на Фејсбук беше само на албански јазик, без превод на македонски јазик.

Ахмети, како што кажа, Албанците сонувале за слобода и за еднаквост. – Верував и во Охридскиот рамковен договор, Како и во официјализирање на албанскиот јазик и албанското знаме. Верував, дека ќе станеме дел од НАТО и дека ќе отвориме преговори за членство во Европската Унија. Верувам и дека наскоро ќе станеме дел од Европската Унија, бидејќи Соединетите Европски држави се мојот идеал за кој што работам секојдневно, рече Ахмети.

Утре е историски ден. Утре, потенцира тој, недела, 28 јануари 2024 година, го избираме првиот премиер Албанец во Република Македонија.

Овој ден е историски како за Албанците така и за Македонците, како и за сите, други бидејќи стануваме рамноправна држава и општество и ги надминуваме сите предрасуди. Заедно, ја преземаме одговорноста да ја водиме државата, не еден позади друг, туку рамо до рамо еден до друг, заедно, за Европска Македонија, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ се заблагодари на граѓаните што верувале и пти застанале зад нивниот сон. Но, вели Ахмети, ова не е крајот, ова е само почетокот, имаме уште многу работа и сништа за остварување.

Денес, имаме потреба од обединување, да подадеме рака еден на друг, да ги оставиме настрана нештата што не разделуваат и да се обединиме околу нештата што не зближуваат, рече Ахмети

Изрази убедување дека она што ќе биде направено утре ќе го дефинира животот на генерациите по нас.

Дали треба на нашите внуки и внуци да им оставиме Европска Македонија или проруска Македонија, демократска или диктаторска земја, мир или конфликт, напредок или статус кво? Токму затоа мора да се обединиме, рече Ахмети.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.