Лидерот на ДУИ Али Ахмети на настан по пуштањето во употреба на фотоволтаичен покрив на Општина Чаир истакна дека прашање на време е кога ќе се отвори Уставот „за да се отстрани додавката 20 проценти“.

Сега засега најчувствително прашање е решавање на проблемот со бугарската страна, бидејќи тоа е пречка за понатамошниот напредок кон отворање на преговорите со Европската Унија. Бугарската страна бара да се отвори Уставот кај нас и Бугарите да стануваат уставна категорија во Република Македонија. Го поддржав ова барање на Република Бугарија затоа што право на секој е да се изјасни како се чувствува и ништо лошо нема да се случи со нашата држава и нашите македонски граѓани доколку се отвори Уставот. Тоа не го загрозува интегритетот и суверенитетот, туку е предност и демонстрација на државните вредности што ги застапуваме, рече Ахмети.

На новинарско прашање за коментар за реизборот на Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците, Ахмети истакна дека му посакува се најдобро, посочувајќи дека останува на ставот оти на Албанците не им требаат повеќе од две политички партии, бидејќи како што рече, „трета партија им штети колку што може да им наштети отпорот на една партија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.