Откако бизнисменот Орце Камчев заврши на црната листа на САД, со прака на Твитер се огласи Амбасадорката на САД, Анџела Агелер. Корупцијата има последици, порача Агелер откако американското Министерство за финансии соопшти дека бизнисменот Орце Камчев го става на црна листа за корупција, поткуп, перење пари и други кривични дела.

„Овие санкции не влијаат само врз поседувањата и имотот на г-дин Камчев, туку и врз оние кои имаат бизнис со него. САД ќе продолжат да таргетираат корумпирани поединци кои што го поткопуваат владеењето на правото и стабилноста на Македонија. Корупцијата има последици“, твитна Агелер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.