Професорот Абдулменаф Беџети е најсериозен кандидат да биде технички премиер предложен од ДУИ, дознава „Република“ од партиски извори.

Неговото име подолго време фигурира меѓу раководството на ДУИ како прв избор за прв премиер Албанец како дел од договорот меѓу Али Ахмети и Зоран Заев.

Причина зошто би се одлучиле за Беџети е што за него има добро мислење меѓу Македонците кои не би имале против економски ексерт, но и од скоро академик да биде на чело на Владата.

Беџети има 63 години и е редовен професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.Покрај економијата и политиката, голема љубов на Беџети е и фудбалот па беше дел и од раководството на Шкендија од Тетово.

Ако стане премиер, Беџети ќе ја преземе функцијата на крајот на јануари и ќе остане до изборот на новата Влада после изборите во мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.