Партиите кои денеска ги повика и ги обвини претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски одговарија на прозивките дали албанската опозиција навистина е во опозиција. Од Алијанса за Албанците потенцираат дека Мицкоски нема да најде вазален партнер во оваа партија, бидејќи таа е народна партија која одговара само пред народот.
– Алијанса за Албанците од самиот почеток ја покажа позицијата за интегративниот процес на земјата и за она што се нарекуваше француски предлог. ВМРО-ДПМНЕ меѓу нас нема да најде вазален партнер каков што имаше некогаш со ДУИ, која сега го има истиот однос кон СДСМ. Алијанса за Албанците им припаѓа само на Албанците и на народот и одговара само пред народот – велат од АА.
Од Движењето Беса посочуваат дека оваа изјава на Мицкоски уште еднаш докажува дека ВМРО-ДПМНЕ кокетира со ДУИ, додека таканаречените судири меѓу нив служат за зголемување на партискиот рејтинг.
– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја постави дилемата дали албанската опозиција е против оваа влада или не, што уште еднаш ја докажа како точна дилемата што ја поставивме пред неколку недели дека ВМРО-ДПМНЕ мајсторски кокетира со ДУИ. Се претставуваат во јавноста како да се напаѓаат меѓу себе, а резултатите од овој „судир“ на ВМРО-ДУИ се во служба на зголемување на партискиот рејтинг на овие субјекти – велат од Беса.
Од Социјалдемократскиот сојуз нагласија дека Христијан Мицкоски денеска признал дека тој заедно со Димитар Апасиев од партијата „Левица“ останале сами и изолирани против ЕУ.
– Мицкоски призна дека неговата фарса за референдумот, која е за употреба во ВМРО-ДПМНЕ, нема поддршка ниту од другите опозициски партии. Причините за проблемите во неговата партија, во редовите на опозицијата, Мицкоски на многу наивен начин се обидува да ги префрли врз некој друг, но за тоа треба да се погледне себеси – нагласија од СДСМ.
Реакциите на партиите доаѓаат по изјавата на првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека меѓу противниците на референдумот најавен за преговарачка рамка се и некои партии од опозицијата.
Од Движењето Беса посочуваат дека оваа изјава на Мицкоски уште еднаш докажува дека ВМРО-ДПМНЕ кокетира со ДУИ, додека таканаречените судири меѓу нив служат за зголемување на партискиот рејтинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.