Дваесет и еден платеник од Македонија е убиен од почетокот на „специјалната воена операција“ во Украина, покажуваат податоците од Министерството за одбрана на Русија објавени на редовниот брифинг со новинарите утрово.

Од 24 февруари, кога почнаа нападите од Русија, во Украина се регистрирани 79 наемници од Македонија, од кои 19 во меѓувреме ја напуштиле земјата, а во моментов има уште 39, покажува деталната табела по држави објавена од Министерството.

Според неа, во досегашните речиси четири месеци во Украина дошле за да војуваат 6.956 платеници од странство, од кои животот го загубиле 1956, заминале 1.779, а останале 3.221.

Рекордер по бројот на наемници е Полска со 1.831, од кои 378 загинале, 272 ја напуштиле земјата, а 1.181 и понатаму војуваат во Украина, тврди руското Министерство за одбрана.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.