Министерот за надворешни работи Бујар Османи и амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, во паркот Чаир засадија 13 дрва по повод одбележувањето на 13 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Косово.
Заблагодарувајќи му се на амбасадорот Ќехаја за иницијативата, Османи истакна дека настанот на симболичен начин ги отсликува одличните добрососедски односи и традиционалното пријателство меѓу двете држави.
Често повторувам дека Приштина и Скопје се и буквално најблиските главни градови на Балканот, симболизирајќи ги со тоа исклучително блиските односи меѓу Македонија и Косово, но и блиските врски меѓу нашите граѓани“, нагласи Османи. Истовремено, потенцира Османи, оваа иницијатива е добра прилика за да се стави фокус на зелената агенда кој е еден од приоритетите на надворешна политика на земјава.
Сме постигнале високо ниво на односите со Македонија -одлична соработка, која во периодот што следи, убеден сум, ќе се зајакне уште повеќе” нагласи амбасадорот Ќехаја и се заблагодари за поддршката во интегративниот процес и членството на Косово во меѓународните организации.
На настанот присуствуваа и истакнати личности и интелектуалци, кои даваат значаен придонес во негувањето на односите помеѓу Македонија и Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.