Неодамна од печат во издание на „Арс Ламина“ излезе новата хит-книга на авторот Зоран Спасов-Ѕоф насловена како „Цепај сине“. Како и со сите досегашни изданија, така и овој пат Ѕоф и „Арс Ламина“ целосниот приход од продажбата од оваа книга ќе го донираат во хуманитарни цели. Со средствата од оваа хуманитарна акција ќе се изгради катче за игра и детска библиотека за пациентите на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести во Скопје.

Доколку сакате да се вклучите во оваа благородна акција, купете и подарете примерок од оваа урнебесна книга на своите блиски, пријатели, колеги или деловни соработници. Нарачајте преку е-адресата: sales@arslamina.mk или во „Литература.мк“. Компаниите можат да платат и преку фактура.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.