Од Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе ја претстават првата изложба на фотографии направени за време на среднозимскиот цензус за водни птици во Македонија, во КСП Центар Јадро.

Изложбата ќе се отвори на 1 март, среда, со почеток од осум часот. Изложбата ќе биде отворена за посетители до 3 март.

„Оваа научна и граѓанска активност ја спроведуваме веќе 14 години и исто толку години се радуваме дека нè носи во природа во зима, нè поврзува со чудото на миграцијата и не здружува со луѓе со слични интереси“, велат од МЕД.

На изложбата ќе бидат присутни и авторите на фотографиите, а посетителите ќе имаат можност да разговараат за состојбата на птиците, совети околу набљудувањето на птиците, како и анегдоти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.