Удрена беше и последната клапа на долгометражниот филм „Кома“ кој изминатиов месец се снимаше на неколку локации во главниот град.

Се работи за трогателна пријателска приказна полна со емоции, а креаторите на филмот велат дека никој нема да остане рамнодушен. Филмот е во режија на Агим Абдула чиј гостин беше големиот ирански режисер Шахрам Мокри.

Продуценти на филмот се Бунјамин Куртиши и Фидуш Ќамили, а директор на фотографија е Душан Кардалевски.

Главните улоги ги толкуваат Џевдет Јашари и косовскиот актер Насер Рафуна, а се појавуваат и големи актерски имиња од Албанскиот театар како Адем Карага, Рефет Абази и Теута Ајдини.

„Кома“ е поддржан од Агенцијата за филм, а сетот го посети и директорот Бојан Лазаревски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.