Гете-институт Скопје организира филмска вечер на 30 март во Кинотека на Македонија, на која во 20 часот ќе биде прикажан четвртиот од серијата германски филмови на тема „солидарност“ – „Западен ветер“ на режисерот Роберт Талхајм.

Лето 1988: на близнаците Иза и Дорен како надежни млади спортисти од ГДР им било дозволено да посетат камп за тренинг на езерото Балатон во Унгарија. Таму тие ги запознаваат двете момчиња од Хамбург, Арне и Нико. Она што започнува како флерт на одмор за Дорин и Арне се развива во сериозна љубов, за што девојката од саксонската провинција ризикува сè – имено и бегство на запад. Тинејџерска љубовна приказна, која и покрај политичката заднина се доживува како лесна и ведра, исценирана исто така и со знаењето од денешницата: една  година подоцна паѓа и ѕидот, по што кривичното дело „бегство од републиката“ повеќе не постоеше.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.